5 причини поради кои не можете да доживеете оргазам секој пат кога имате секс

popara18 јуни, 20181min00
4

Понекогаш постигнувањето оргазам изгледа како вистински предизвик. Секако дека и самиот секс пружа задоволство и можеби нема врска што повремено не го доживувате врвот, но ако тоа се претвори во трајна состојба, тогаш недоживувањето оргазам може да биде прилично фрустрирачко.

Тоа е како некаков таен и ексклузивен клуб во кој сите други уживаат, а вие никако да влезете.

Иако медицинските проблеми како проблеми со работата на срцето кои предизвикуваат слаб проток на крв кон вагината и клиторисот можат да го отежнат постигнувањето оргазам, сепак тоа е навистина ретко.

Меѓутоа постојат и многу чести причини кои ве спречуваат да доживеете оргазам, а ова се дел од нив:

1. Недоволна стимулација на клиторисот

Во претставата на оргазмот, најчесто клиторисот е главна ѕвезда. Околу 70% од жените оргазмот го постигнуваат преку директна стимулација на клиторисот, а не преку вагинална пенетрација. Тоа значи дека ако никогаш не сте доживеале вагинален оргазам, не сте сами, а можно е и да ви недостига директна стимулација на клиторисот.

Пробајте го овој трик – за време на сексот допирајте се сами или тоа нека го направи вашиот партнер. Уште поедноставна опција е во рутинскиот секс да вклучите и секс играчки, како што е вибраторот.

2. Преголема стимулација на клиторисот

Од друга страна, можно е понекогаш вашата најосетлива точка на телото да бара помалку внимание. Тоа не е ни чудно бидејќи клиторисот има дури 8.000 нервни завршетоци. Ако имате многу осетлив клиторис, прекријте го со мека или свилена ткаенина пред да почнете да се допирате или замолете го партнерот да биде понежен за време на стимулацијата.

3. Хормонско нарушување

Ова може да се случи ако консумирате контрацепциони пилули, што е всушност ужасно затоа што ги користите за да можете да уживате во сексот. Пилулата спречува овулација со менување на нивото на естроген, прогестерон и тестостерон.

Тие промени може негативно да влијаат на либидото поради што ќе имате намалена желба за секс или проблем со постигнување оргазам. За овој проблем поразговарајте со вашиот гинеколог и консултирајте се за други можности на контрацепција.

Хормонското нарушување може да предизвика и премногу стрес, но и перименопауза, која може да се јави во доцните 30-ти или 40-ти години кога телото се подготвува за менопауза. Во овој случај, повторно се работи за нарушување на естрогенот, прогестеронот и тестостеронот кои може да го намалат сексуалното задоволство и можноста за постигнување оргазам. И во овој случај консултирајте се со гинеколог кој може да ви помогне да го решите овој проблем.

4. Немате концентрација

Тешко е да доживеете оргазам ако за време на сексот размислувате на други работи – што сѐ мора да направите утре, дали ги завршивте сите работни обврски, што да подготвите за ручек утре… Концентрираноста на сексот и на уживањето кое го доживувате е клучен дел од постигнувањето оргазам, особено кај жената каде мозокот е главен орган за постигнување оргазам.

На цела среќа, решението на овој проблем е прилично едноставен – фокусирајте се на тоа што го правите и колку добро се чувствувате додека водите љубов со партнерот. Бидете присутни со мислите и обидете се максимално да се забавувате – така можеби ќе го доживеете најдобриот оргазам во вашиот живот.

5. Се борите со анксиозност, голем стрес или депресија

Сите овие психички состојби можат да влијаат врз доживувањето оргазам, особено ако пиете лекови за нешто од наведеното. Серотонинот, допаминот и норепинефринот се вклучени во реакцијата на телото на сексуално надразнување и доживување оргазам, но тие исто така се под влијание на лековите за анксиозност и депресија.

Дури и ако не пиете лекови, треба да пробате да работите на опуштање и на решавање на овие проблеми. И не се срамете да се консултирате со доктор. Жените треба да уживаат во сексот, токму затоа постојат експерти кон кои може да упатите секакво прашање без чувство на срам.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma