7 летни материјали кои ќе ги направат високите температури поподносливи

popara17 август, 20181min00
materijali

Летото овозможува безброј убави комбинации, но секогаш избирајте природни материјали.

Секој е свесен дека полиестерот е еден од најмалку удобните материјали и треба да се избегнува за време на летото, бидејќи не “дише” и на тој начин држи топлина.

Сепак, дали знаете кои материјали не го стимулираат потењето?

Ние  ќе ви прикажеме листа од шест материјали што ќе ја направат вашата година попријатна.

  1. Лен

Убава ткаенина која слободно може да се нарече “вентилатор” меѓу материјалите.Пропушта воздух до телото и го спречува потењето. Има само една маана, лесно и брзо се тутка, но не е важно за време на топлите денови.

  1. Памук

Непобедлив избор во жешките летни месеци. Една од најтранспарентните ткаенини што постои, не ја задржува топлината, ја апсорбира влагата од телото и го активира испарувањето.

  1. Кепер

Најчесто се произведува од памук или негова мешавина и се смета за одлична летна замена за тексас. Ако не сакате да се откажете од носење на долги панталони за време на топлите денови, изберете модели од кепер, бидејќи ќе се чувствувате подобро во нив.

  1. Вискоза

Едно од најпопуларните синтетички влакна што доаѓа од остатоците од целулозни влакна и по хемискиот состав е слична на памукот. Поради тоа вискозата е пријатна за носење на +33 и го лади телото.

  1. Свила

Природна ткаенина која “дише” и е позната по прилагодувањето кон температурите, така што ќе се загреете во текот на зимата, а на лето ќе се разладите. Иако не стимулира потење, таа е тенок и мек материјал, така што лесно се лепи до кожата.

  1. Шифон

Изработен е од различни мешавини, а кога е направен од памук и свила, станува идеален материјал за летна облека. Најчесто се користи за изработка на фустани и блузи затоа што е многу лелеав.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag