8 креативни начини за носење на брош

popara1 февруари, 20182min00
1

Можеби мислите дека брошот веќе е застарена мода, но тоа не е вистина…

Споделуваме неколку креативни начини на кои може да го носите брошот, комбинирајќи го со остатокот на вашата гардероба.

1. Брош во коса
Вашата омилена трака за коса може да ја украсите со светкав брош.
Ставете го странично на траката или пак на средина, во зависност на неговата форма. Покрај траките, турбанот за глава изгледа преубаво кога е украсен со брош.

zenski-magazin-moda-aksesaori-8-kreativnih-nacina-da-nosite-broseve-1 (5)

2. Направете огрлица со брош
Земете марама, поврзете ги краевите и закачете го брошот. Ќе имате уникатен моден додаток.
zenski-magazin-moda-aksesaori-8-kreativnih-nacina-da-nosite-broseve-1 (14)

3. Украсете го шеширот
Без разлика дали планирате да носите капа, баретка или шешир, брошот е добар краен додаток. Внимавајте боите да се совпаѓаат со остатокот од гардеробата.
zenski-magazin-moda-aksesaori-8-kreativnih-nacina-da-nosite-broseve-1 (8)

4. Закачете го брошот на вашата марама
Кога ќе ја ставите вашата омилена марама околку врат, додадете го и брошот. Едноставните брошеви изгледаат преубаво на карарани и цветни марами. Ако пак фомата на брошот е малку посложена тогаш комбинирајте го со еднобојна марама.
zenski-magazin-moda-aksesaori-8-kreativnih-nacina-da-nosite-broseve-1 (10)

5. Користете го брошот како шнола за коса
Брошот исто така може да е одличен украс за коса. Направете едноставна фризура и додадете го брошот како украс.
zenski-magazin-moda-aksesaori-8-kreativnih-nacina-da-nosite-broseve-1 (3)

6. Освежете го изгледот на чантата
Малиот брош е супер додаток за вашата чанта. Одберете еден и комбинирајте го со остатокот од вашата гардероба или капут.
zenski-magazin-moda-aksesaori-8-kreativnih-nacina-da-nosite-broseve-1 (1)

7. Носете го на џемпер
За Џемперите без копчиња, брошот е одлично решение. Може да го закачите на крагната од вашиот џемпер или пак да ги опфатите краевите и да го соберете како со колан.
zenski-magazin-moda-aksesaori-8-kreativnih-nacina-da-nosite-broseve-1 (2)

8. Носете го на делокте
Ако сметате дека вашето деколте е премногу отворено тогаш украсете го и затворете го со уникатен и впечатлив брош.
zenski-magazin-moda-aksesaori-8-kreativnih-nacina-da-nosite-broseve-1 (9)

Во продавниците може да најдете голем избор на брошеви во различни форми. Тие се уникатен и креативен моден додаток што може да го користите за секакви пригоди.

Извор: hybread.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag