Дали знаевте дека може да изгледате софистицирано во ПВЦ панталони?
Моделот Adriana Lima ja сними новата кампања за козметичката линија Maybelline. За оваа пригода, стилистите избраа пудра-кремаста облека која се состоеше од ПВЦ панталони, крем ролка и женствен капут во истата нијанса. Иако Лима изгледа сензационално во избраната колекција, нашите очи, навикнати на затегнати облини во латекс панталони кои ги носат припадничките на кланот Kardashian-Jenner, го известуваат мозокот дека можеби пантолоните можат да бидат еден број помали. Но, од друга страна, нашиот моден вкус ни кажува дека доколку се носат на овој начин изгледа многу пософистицирано.