Направете најмоќен природен антибиотик кој ги убива сите бактерии!
Оваа мешавина, исто така, ја стимулира циркулацијата на крвта, ја чисти крвта и го зголемува производството на лимфната течност.
Добрата вест е дека можете да направите свој тоник за чистење, кој се бори против паразити, вируси, бактерии, па дури и габични инфекции. Најдобро од сè – нема несакани ефекти!
Современата медицина доведе до широка употреба на антибиотици во борбата против бактериските инфекции и не постои сомневање дека тие се едно од најголемите достигнувања на медицината.
Сепак, бидејќи лекарите често ги препишуваат и поради нивната прекумерна употреба (на пример, во ситуација кога имунолошкиот систем сам може да успее да се избори), опасните бактерии околу нас имаат многу повеќе можности да се развиваат. Се повеќе и повеќе видови се отпорни на антибиотици, вклучувајќи и многу опасни врвни бактерии.
Употребата на антибиотици, исто така, има несакани ефекти, како што се уништување на цревната флора или бактерии кои помагаат во варењето на храната (а исто така учествуваат во регулацијата на имунолошкиот систем).
Оваа мешавина, исто така, ја стимулира циркулацијата на крвта, ја чисти крвта и го зголемува производството на лимфната течност.
Еве што ви е потребно:
3 чаши јаболков оцет
1/4 чаша мелен лук
1/4 чаша мелен кромид
2 свежи пиперчиња (што полути, толку подобро!), исчистени и исецкани
1/4 чаша сецкан ѓумбир
2 лажици изрендан рен
2 лажици куркума во прав или 2 сецкани корени од куркурма
Сите состојки, освен оцетот, треба да се стават во сад и да се измешаат добро. Ставете ја смесата во стаклена тегла така што сувите состојки треба да завземаат 2/3 од теглата, а потоа сипете оцет додека не ја наполните теглата. Оставете ја теглата на ладно, суво место две недели а секој ден протресете ја неколку пати во текот на денот. По две недели, процадете ја течноста преку ситно сито или чиста газа и ќе го добиете својот здрав тоник за чистење. Можете да ги користите сувите состојки за подготовка на храна.
За да ги решите настинките и да го зајакнете имунолошкиот систем, секојдневно исплакнете го грлото со лажица течност. Зголемувајте ја вашата дневна количина на внес секој ден по малку, така што по три до четири дена можете да користите мала чаша. Ако имате тешка настинка, исплакнете го грлото 5-6 пати на ден. Бидејќи тоникот е доста силен, ишмукајте парче од некое цитрусно овошје по употребата.
Лукот е природен антибиотик, но за разлика од антибиотиците од аптеката, тој ги убива само несаканите бактерии. Тој е многу ефикасен во борбата против габичните инфекции.
Ѓумбирот, од друга страна, има моќно анти инфламаторно дејство и ја стимулира циркулацијата на крвта.
Куркумата е еден од најздравите зачини: го успорува растот на малигните клетки и ја спречува деменцијата, а исто така ја ублажува и болката во зглобовите.
Оцетот од јаболко содржи пектин, кој го намалува холестеролот и го регулира крвниот притисок. Исто така е познато дека помага при губење на тежината затоа што ги разбива масните клетки. Оцетната киселина во оцетот, е ефикасен борец против габични и бактериски инфекции.
Ако имате инфекција, најдобро е да проверите со докторот колку е сериозна да дознаете дали вреди да се користи тоник. Понекогаш антибиотиците се едноставно неопходни. Меѓутоа, кога тие не се, добро е да имате таква моќна алтернатива!