Долго чекавме на мал и женствен додаток…Панделките веќе подолго време се проткаени во модата – прво ги носевме околу вратот, половината, на чевлите, торбите и ремените, а последата година најмногу ги носиме како детаљ во косата. Свилените добро ни дојдоа, но плишаните сепак ќе бидат најефективни. Останува на вас како ќе ги вклопите во вашите есенски комбинации.
Имајте на ум дека панделката колку и да е „магупски“ детаљ, сепак е многу елегантен аксесоар и допринесува за овој „IT“ момент, па обидете се во доменот на облеката да останете посмирени, без шаренила и претеран mix and match момент. Кадифените панделки во црна, темно сина и зелена боја, особено оние кои ќе ја скротат вашата коса одговараат одлично со едноставни фустани и комбинизони, како и со јаки кармини. Кадифените превези и кадифените големи паделки се толку голем хит што трендсетерките веќе имаат омилени начини како да ги носат.
Во продолжение дознајте како…