Убавицата откри дека се случи несреќа на снимањето на филмот.
Манекенката, актерка и пејачка Суки Вотерхаус (26) признава дека “повредила некого” во текот на снимањето на претстојната мрачна комедија “Assassination Nation”.
“Повредив некого. Куршумот испука. Немаа видено такво нешто во изминатите 20 години. Куршумот се одби од човекот и го повреди. Немавме доволен тренинг за ракување со огнено оружје. Не би лажела, можеби се на се ни покажуваа само еден час како што се прави “, изјави таа за”New York Post”во текот на премиерата на филмот.
Убавицата не сакаше да открие кој е колегата што е повреден, но во филмот покрај неа глумеа и Одеса Јанг и Бил Скарсгард.
Суки неодамна ја раскина врската со актерот Роберт Патинсон, пред тоа беше со 17-години постариот Бредли Купер.