Овој пар секој пат не воодушевува.
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се еден од оние забавни познати парови кои ја користат секоја можност да се критикуваат еден со друг во јавноста.
Без разлика дали тоа е годишнина од бракот, промоција на нов филм или роденденска честитка, секогаш има некој искривен коментар испратен на едниот или на другиот.
Овој пат, актерката беше фотографирана на многу провокативен начин со голиот човек што лежеше на кујнската маса додека неговите нозе беа кренати и потпрени врз неа – јасно ви е што инсинуира.
Блејк има сериозен израз на лицето и е облечена во костим, што значи дека е Емили од нејзиниот последен филм “A simple favor”, што беше додадено во описот на сликата. Сите знаеја што следеше – коментар од Рајан, а актерот не разочара. Во морето коментари, и неговиот коментар се појави и гласи:”Ми се чини дека е фино момче”, и така ги насмеа нејзините следбеници.
“Финото момче” е моделот и кикбоксерот Томас Канестраро, кој веќе се појавуваше во неколку промоции на актерката за филмот.