Велат дека за да се изгубат килограмите по породувањето е потребно токму толку време колку што бебето било во стомакот, значи девет месеци. Пејачката Ана Николиќ која прет пет месеци на свет ја донесе ќеркичката Тара, е на добар пат да ја докаже оваа теорија.
Имено, популарната пејачка позирала во црна тоалета која ги открива бутовите, мрежести хулахопки и чизми над колена и покажа дека значително ослабела откако се породила.
– Ослабев повеќе од 20 килограми и не планирам тука да застанам. Тренирам и здраво се хранам – изјавила пејачката која не крие колку раѓањето на ќерката и го сменило животот.