На острооките обожаватели не им избега овој детаљ, и тврдат дека го крие заплетот на следниот “Avengers”!
Четвртиот дел од “Одмазници” (Avengers) ќе донесе необичен спој на суперхерои!
Гигантот на старата гарда на Марвел, Iron Man, ќе мора да ги здружи силите со едно племе од Ваканда за да ги спаси другите, тврдат острооките обожаватели врз основа на само една фотографија.Тоа е фотографијата направена за време на интервјуто со Роберт Дауни Џуниор, објавено во рамка на ДВД изданијата од најновите “Одмаздници”.Да ја погледнеме фотографијата уште еднаш, обрнете внимание на дезенот на ѕидот …
… а потоа погледнете ја лабараторијата на малата Шури во последниот дел од “Avengers”!
Заклучок? Тони е во лабораторијата на Шури!
Интернет-заедницата смета дека со овие фотографии е откриено дека Тони Старк и Шури ќе се здружат во четвртиот дел од “Avengers”. Освен тоа, острooките твитерџии велат дека Тони Старк овде изгледа поинаку од досега , бидејќи има посветла коса и брада, што е “доказ” дека интервјуто беше снимено на сетот на новиот филм.
Овие гласини беа поттикнати и од членовите на филмскиот тим, кои ја опишаа талентираната умница од Ваканди на следниов начин.
“Шури е најпаметната личност во тој универзум. Рамо до амо е со Тони Старк”, изјави продуцентот Робин Робертс, посочувајќи дека овие два “гиганти” ќе ги здружат силите во следниот филм.