Avril Lavigne: Поради болеста не можев да станам од креветот, а на Instagram глумев дека сум среќна

popara24 октомври, 20181min00
avril

Канадската пејачка Аврил Лавињ на почетокот на 2000. – та година стана вистинска поп-панк-принцеза, а сингловите „Complicated“ и „Sk8r Boi“ сé уште се слушаат на радио. Сепак, во еден момент таа исчезна од сцената, поточно во 2015 година, поради битката со лајмската болест. Аврил сега е добро и неодамна го издаде синглот „Head Over the Water“, во кој ги опишува деновите кога мислеше дека ќе умре.

Таа исто така основала фондација која го носи нејзиното име и им помага на оние кои имаат проблеми како неа. Аврил призна дека често бегала од фактот дека била болна со објавување фотографии на социјалните мрежи  на кои е среќна, иако била далеку од тоа.

– Бев во кревет две години. Пиев повеќе видови на антибиотици. Сакав да бидам храбра пред сите, бидејќи не сакав болеста да биде дел од мојот идентитет. Веднаш штом ќе успеев да станам, ќе ставев selfie на Instagram и се преправав дека мојот живот е совршен, изјави пејачката.

Таа додаде дека навистина не сака да зборува за тоа, но сфатила дека мора и дека тоа е нејзина одговорност. Пејачката наскоро ќе ги израдува своите фанови со нов албум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag