На утринската програма на српската телевизија Прва која ја водат Срѓан Предојевиќ и Јована Јоксимовиќ во гости се појавила преубавата Јелена Розга со која водителите зборувале на разни теми.
Но, една специфична тема довела до тоа регионот со денови да зборува што овие две дами поразговарале во тој момент. Јоксимовиќ со најдобри намери сакала да ја посоветува Розга околу раѓање на деца.
“Мораш да најдеш некого …Мислам, не е ни тоа забавување толку едноставно. Доколку не ја најдеш љубовта до одредени години, тогаш мора да бидеш малку прагматична. Најди некого, кажи – “ОК, јас имам толку и толку години … Ајде да најдам некого со кого ќе имам дете”, ѝ посочила Јована на пејачката.
Додека едни ја виделе добрата намера во тоа, други сметаат дека нејзиниот коментар воопшто не е на место. За овој момент во утринската програма пишувале и хрватските медиуми.