Лоциран врз карпа на височина од 70 метри над Индискиот океан Hotel Banyan Tree Ungasan во Бали Индонезија може да им понуди еден незаборавен престој на своите посетители. Во однос на архитектурата резортот е симбиоза на старото и новото, на класичното и модерното. Неговиот екстериор е инспириран од традиционалното село во Бали, сосема отворен кон песочните плажи и океанот.