Бен Афлек почна да тренира и ја промени фризурата

popara11 септември, 20181min00
ben-aflek-dzenifer-garner-foto-profimedia-1435701247-691425

Холивудскиот актер Бен Афлек (46) неодамна го заврши својот престој во клиниката за одвикнување од алкохол, од каде што секојдневно го возеле дома за да вежба во теретана по неколку часови.

Каде и да оди, покрај него се терапевтот и тренерот.

Популарниот актер цврсто одлучил да се излечи, да почне здраво да живее, но и да направи некои промени во неговиот изглед.

Тој посети еден фризерски салон, за да се ишиша. Изгледа многу опуштено во тренерки и патики.

https://www.instagram.com/p/Bnjw3YcgQMh/?taken-by=benaffleckturkey_official

По шишањето, Бен поминал неколку часа во својот дом, од каде што се вратил на рехабилитација.

Бен често оди во куќната теретана во Лос Анџелес, иако има една во клиниката каде што живее.

Медиумите шпекулираат дека на Бен му пречат вишокот килограми што ги добил во градите.

Популарниот актер се обидува да ги реши своите проблеми, а покрај него е познатата Плејбој зајачица Шона Секстон, која вообичаено го чека во својата вила.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag