Новото научно истражување фрли сосема поинакво светло на она што досега го знаевме за холестерол.
Не постои доказ дека високиот степен на т.н. лош холестерол предизвикува срцеви заболувања, покажаа студиите во кои 17 светски доктори на медицина ги направиле над 1,3 милиони пациенти.
Според нив, ефектот на лековите за намалување на нивото на холестерол, е многу проблематичен кога се користи како примарна превенција од кардиоваскуларни заболувања.
Еден од авторите на студијата, васкуларниот хирург од Ирска, Шериф Султан, изјави дека милиони луѓе ширум светот, од кои голем број немаат историја на срцеви заболувања, земаат лекарства , ” наспроти фактот дека позитивни дејства од лекарствата не се докажани и дека постојат сериозни контраефекти.”
Тој изрази загриженост и поради промовирањето на исклучително скапи инхибитори за дополнително намалување на нивото на лошиот холестерол во крвта, кои на годишно ниво чинат околу 20.000 евра.
Нашиот предлог е лекарите да престанат да препишуваат лекови и инхибитори и да ја идентификуваат вистинската причини за кардиоваскуларните заболувања кај пациентите, вели доктор Султан.
Во студијата објавена во стручниот весник Expert Review of Clinical Pharmacology се наведува дека не е утврдена врската помеѓу високиот степен на холестерол и артериосклероза.
Утврдено е дека, кај пациенти со акутен миокард, нивото на лош холестерол е пониско од референтната вредност, како и дека кај здрави лица со ниско ниво на лош холестерол е “значително зголемен” ризикот од инфективни болести и канцер.
Најголемо откритие е дека постарите луѓе со висок степен на лош холестерол живеат повеќе од оние кај кои тоа ниво е под нормалното, вели доктор Султан.
Авторите на студиите посебно испитуваа дали ризикот од срцеви заболувања е намален поради препишувањето на лекарствата и утврди дека кај 12 европски држави смртноста од кардиоваскуларни заболувања помеѓу 2000 и 2012 година не е намалена, но во голема мера сеуште не се намалува масовната употреба на овие лекови.
Хипотезата дека високиот степен на лош холестерол предизвикува крварење на крвните садови “се покажа како погрешна”. Напротив, заклучокот е дека високиот степен на лош холестерол може да придонесе за продолжување на животот.
Авторите на студиите предупредија и на многу штетни ефекти на лекарствата, кои свесно се минимизираат.