Карминот не само што може да ви помогне да го промените целокупниот ваш изглед, може и да влијае на промената на вашето расположение. Ќе направи да се чувствувате по софистицирано, женствено и гламурозно, а и ќе направи да изгледате посекси и заводливо.
Ова лето најпосакувани нијанси на кармини се силните бои, како и секојдневните варијанти на кармини во месо боја.
1. Омбре
Во летниот период сосема нормално е да се одлучите за потемни бои на кармин кои бојата од сончање уште повеќе ќе ја направат впечатлива и гламурозна.
Омбре усните се во тренд веќе неколку сезони и благодарение на играта со бои ги прават усните пополни и сочни. Токму затоа, доколку сакате вашите усни да изгледаат заводливо, одлучете се токму за овој стил.
2. Портокалова
Оваа сезона карминот во портокалова боја го менува карминот во црвена боја. Него можете да го носите на плажа во комбинација со црно-бел костим за капење.
Вашите усни ќе бидат силно изразени и ќе го привлечат вниманието на сите луѓе чии поглед ќе ве сретне токму вас.
Можете да употребите молив за усни во месо боја за да направите усните да дојдат во полн израз.
3. Бордо боја
Станува збор за една од најпопуларните бои ова лето. Карминот во ваква боја ќе ви даде подраматичен изглед, а истовремено ќе направи и да изгледате луксузно и софистицирано.
Неопходно е остатокот од шминката да биде помалку изразен и прилично едноставен. Карминот во оваа боја најдобро се согласува со светлите нијанси на сенките за очи.
4. Месо боја
Станува збор за најдобриот избор за дневните варијанти бидејќи овие кармини се неутрални и класични.
Без разлика на тоа дали ќе се одлучите за некоја елегантна или секојдневна облека, оваа боја совршено се совпаѓа и се вклопува со секој изглед.
5. Розова боја
Нијансите на розова боја одлично им прилегаат како на бринетите, така и на девојките со посветла боја на коса и тен.
Овие нијанси се совршен избор како за вечерните часови така и за дневните варијанти кои вклучуваат пиење на коктели на плажа или кафе со пријателките.
6. Корална
Пастелните бои дефинитивно се тренд за ова лето и нив можете да ги употребите во изборот на нов кармин.
Коралната боја е одличен избор бидејќи ќе направи да изгледате помлади, свежи и во добро расположение.
Коралната боја совршено се вклопува со темните сенки за очи и во склоп на потемниот тен кој сте или ќе го добиете на одмор, ќе направи да изгледате моќно и привлечно.