Боно Вокс пејачот на познатиот ирски рок состав У2 остана без глас на концертот во Берлин. “Кахм, кхммм … извинете”, и кажа на публиката.Бјутифул дееј, бјутифул деј, бјут…
Боно Вокс не успеа и неможеше да заврши еден од хитовите на групата У2 на саботниот концерт во Берлин, затоа што, како се вели, му “пукна” гласот.
У2 имаше концерт и во петокот вечерта на аеродромот Mercedes-Benz во Берлин, а во саботата 17.000 луѓе се собраа на истото место, сакајќи да ги слушаат ветераните на светската рок сцена, кои моментално се на турнејата “Experience + Innocence”.Љубителите на бендот се надеваа на целовечерна забава, но добија “кратко издание” на У2, бидејќи Боно го изневери гласот во моментот кога ја изведуваа песната “Beautiful Day”.
Боно се мачеше, повеќе рецитираше одколку што “извлекуваше” тонови, “долни и горни лаги”, за да си признае на крајот на песната на себеси, на бендот и на публиката: “Извинете, многу ми е жал, кахм, кахм, кхм, кхм … мораме тука да застанеме, а ние сакавме да ви приредиме убаво шоу “.
Разочараните љубители на групата немаа што друго туку да ја испразнат салата, а Боно потоа го посети докторот кој му го прегледа грлото и му рече дека не е ништо од што треба да се плаши.
“Олеснување е сознанието дека било што сериозно е исклучено”, изјави Боно и вети дека У2 ќе се врати во Берлин, а турнејата ќе биде продолжена.