Мјузиклот “Брилијантин” првпат беше емитуван во 1978 година, а Оливија Њутн Џон и Џон Траволта беа навистина брилијантни во оваа изведба.
Директорот Рандал Клајзер изјави за францускиот печат дека сè уште не може да поверува дека неговиот прв игран филм стана холивудски класик.
“Мислевме дека филмот добро ќе помине кај тинејџерите во текот на една или две години, но не можев да замислам дека 40 години подоцна останува уште неверојатниот интерес во целиот свет и тоа кај публиката од сите возрасти”, рече Клајзер.
Филмот е адаптација на истоимениот мјузикл на Ворен Кејси и Џим Џејкобс од 1971 година за заљубени средношколци во текот на 1950-тите. Филмот е сниман два месеци во Лос Анџелес и чини 6 милиони долари. Како и многу филмови кои влегоа во светските филмски анализи и “Брилијантин”, на почетокот, добил бројни негативни и позитивни критики.
Филмот заработи околу 400 милиони долари од кинематографски карти и е еден од мјузиклите со најголема заработувачка