Некогаш мегапопуларната пејачка продолжува со резиденцијалните настапи во Лас Вегас.
Пејачката Бритни Спирс го најави својот нов проект „Domination“, серија од 32 настапи кои ќе се одржат во Pak MGM во Лас Вегас.
Прв сличен проект беше „Peace of me“, резиденција во Planet Hollywood, исто така во Лас Вегас. За четири години, таа имаше 248 настапи и заработила 137,7 милиони долари.
Новиот проект започнува во февруари, а билетите ќе бидат пуштени во продажба на 26-ти октомври.На промоцијатa на проектот, суперѕвездата, која едвај ги преживеа последиците од сопствената слава, се појави во кратok, црн мини-фустан со проѕирни ѕвезди на колковите, под кои висат долги светкави реси. Судејќи според тоа низ што се помина, мора да се признае дека изгледа повеќе од добро.