Познатата актерка носи парчиња што ги видовме на модната ревија во Лондон пред неколку недели.
Пред неколку недели во Лондон имавме можност да ја видиме првата колекција на Рикардо Тиса за Burberry, која едноставно не не одушеви премногу, но за среќа тука се познатите личности за да не разубедат.
Прво ги видовме Rihanna и M.I.A. во новите Burberry парчиња, а сега на ред доаѓа и Carey Mulligan која нѐ импресионираше со модната комбинација. Од најновата колекција, Кери избра свилена кошула и кожни панталони во боја на коњак, а комбинацијата беше надополнета со црна кожна ташна и кожни чевли.