Целата е на мајка и: Десетгодишната ќерка на Џесика Алба е нејзина копија со изгледот и стилот

popara31 август, 20181min00
а

Италијанската модна престолнина е она што актерката и претприемник Џесика Алба ја избра за патување со десетгодишната Хонор, која е вистинска копија на мајка и.

Актерката Џесика Алба одлучи да одвои време само за својата десетгодишна ќерка Хонор. Мајката и ќерката се видени како уживаат во Милано, во Италијанската модна престолнина, каде што уживаа во прошетки низ градот, но и во шопинг.

Освен што е очигледно дека е копија на мајка и, десетгодишната Хонор веќе развила и стил многу сличен со тој на мајка и.

Џесика Алба го прошета Милано во лесна комбинација како што често среќаваме на градските улици: широки панталони, бела маичка и сиво сако беа нејзиниот избор, а сето тоа го “зачини” со бели затворени папучи, кои за некој се  вистински хит, додека други ги избегуваат во секој смисол .

Многу повеќе впечатливи парчиња, сепак, носеше нејзината ќерка, која привлече внимание  со невообичаениот изглед. Лилаковите врвови на нејзината коса дојдоа до израз благодарение на темната комбинација составена од кариран, кафеав комбинезон, црн сако и патики.

На 37-годишната мајка и нејзината миленичка не им се придружија  седум годишната ќерка Хејвен, ниту седум месечниот син Хејс, а на шопингот во Милано не е виден ни сопругот и таткото Cash Warren.

Во Милано во текот на неколку недели ќе стигне модната елита за Недела на модата, па Џесика и Хонор ја избегнаа гужвата и стигнаа во вистинско време за краток одмор во Италија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag