Секој има своја боја во која смета дека изгледа најубаво и го прави да се чувствува фантастично.
И додека тоа обично зависи од бојата на коса, очи или тен, има некои нијанси кои изгледаат убаво на секој.
Пастелно розова – нежните нијанси на розова боја одговараат буквално на секој тен и го освежуваат лицето со природно руменило. Во последните неколку години, ова беше популарна боја и доколку се одлучите за неа, секогаш ќе бидете во тренд.
Виолетова – институтот на Pantone ја прогласил виолетовата боја за боја на 2018 година. Тоа е само дополнителна причина да ја изберете втората боја која му прилега на секој тен. Вилоетовата боја внесува и живост во комбинациите, без ризик дека ќе бидете екстремни во својот избор.
Црвена – сигурно не е залудно што напишале безброј стихови за дамата во црвено. Затоа, освен што е мамец на погледи, дефинитивно е и боја која е секогаш во мода и изгледа прекрасно на секоја дама.
Морско сина – оваа боја е придушена нијанса која се граничи меѓу сина и зелена. Многумина сметаат дека е многу поприкладна од популарната тиркизна боја, па затоа иако можеби сметате дека е смела за комбинирање, можете да ја носите со црни парчиња или други неутрални бои кои ќе ви дадат блескав и здрав изглед.