Црниот дроб е единствениот дел од телото кој од две места се снабдува со крв. Се регенерира најбрзо и има над 500 функции вклучувајќи:
- Ја обработува дигестираната храна од тенкото црево
- Ги контролира нивоата на масти, амино киселини и глукоза во крвта
- Се бори против инфекциите во телото
- Ја чисти крвта од честички и инфекции вклучувајќи ги и бактериите
- Ги неутрализира и уништува лековите и токсините
- Произведува жолчка
- Складира железо, витамини и други есенцијални материи
- Ја разградува храната претворајќи ја во енергија
- Произведува, разградува и регулира бројни хормони вклучувајќи ги и половите хормони
- Произведува ензими и протеини кои се одговорни за најголем дел од хемиските реакции во телото, на пример оние вклучени во засирување на крвта и поправање на оштетени ткива
Чистењето помага да се обнови и подмлади црниот дроб кој е истоштен без оглед дали е од околинско загадување, лоши прехранбени навики или болест. Неговото чистење помга тој да се врати во здрава рамнотежа и помага во исчезнувањето на лошите навики за сметка на здравите. Некои од придобивките од чистењето на црниот дроб се: поздрава кожа, подобро варење на храната, ментална јасност, контрола на крвниот шеќер, зајакнување на имунитетот, губење на тежина и намален целулит, подобра кардиоваскуларна функција, подобрено либидо, помалку болки во телото итн.
Потребни состојки:
- 50 гр горка сол (магнезиум сулфат) или 4 големи лажици
- 150 мл ладно цедено маслиново масло
- 200 мл сок од свеж црвен цитрон (околу 2-3 цитрони)