Пред повеќе од сто години настанал единствениот град во Америка. Се променил, но останале неколку делови непроменети од минатото, колку да бидат интересни. Ви го претставуваме најчудниот американски град, Кармел на море.
Калифорнискиот приморски град бил основан во 1902 година, а поради тоа што природните убавини го опкружувале брзо бил населен, но не од било кој. До почетокот на 20. век градот бил познат по уметниците кои живеат во него, а оттогаш почнале да доаѓаат во бранови, од Ансел Адамс до Џек Лондон, сестрите Мекгован и поранешниот градоначалник Клинт Иствуд.
Денес во овој град можете да најдете дури 100 галерии на еден километар квадратен, а креативниот дух се чувствува на секој чекор!
Како да избегнат масовна урбанизација и да го одржат градот како мал и интимен, жителите воведоа неколку невообичаени закони.
Така, на пример, постои одредена јачина на уличното осветлување за да градот не свети премногу во ноќта, нема вознемирувачки ознаки, забранета е изградбата на високи згради, а улиците немаат броеви. Граѓаните ноќта се движат со батеријски ламби, а ако прашате некој за насока, локалците секогаш ќе ви кажат “на аголот” или “помеѓу X и Y улица”.
Сепак, најчудниот закон произлезе кога градските власти мораа да ги исечат корените на чемпресот за да го израмнат тротоарот. Коренот им пречел на стилизираните дами кои се сопнувале од него со штиклите. За да избегне потенцијални тужби и отштета, Кармел стана единствен град во САД, кој со закон го забрани носењето на штикли над 5 см.
Жителите на овој град се познати по тоа што се грижат и за своите домашни миленичиња. Тоа го направи Кармел да стане најголем град со титула “пријател на миленичињата” во Америка, и тука е дозволено да водите кучиња без ланец на плажа, но и на работа. Кучињата се добродојдени во хотелите, речиси никаде не им е забранет влезот.
Што се однесува до временските услови, Кармел е познат по чести магли, кој истовремено инспирираше многу уметнички дела настанати во овој град. Маглата често се појавува поради близината на Пацификот, но во текот на ведрите денови овој град е еден од најпопуларните за гледање на залезот на сонцето.
https://www.instagram.com/p/BmgWBlsAp7h/?utm_source=ig_embed