Дали кафеавиот шеќер е навистина толку добар за вас?

popara2 јануари, 20181min00
6

За разлика од интегралното брашно или ориз, кафеавиот шеќер и не е значително поздрав од обичниот. Иако понекогаш е многу скап, кафеавиот шеќер не треба да се смета за здрава алтернатива.

Количината на калории и јаглехидрати во кафеавиот шеќер е малку помала отколку во белиот шеќер, но кафеавиот сепак влијае врз нивото на глукоза во крвта. Ако го конзумирате во големи количини, може да предизвикате пораст на шеќерот во крвта или хипергликемија. Тоа го прави неповолен за дијабетичари кои мораат да ги избегнуваат епизодите на хипергликемија.

Зошто е кафеав (жолт)?

Кафеавиот шеќер има таква боја поради меласата која ја има во него, односно која се додава за време на обработувањето (во зависност од  произведувачот). Ваквиот шеќер во најдобар случај е делумно рафиниран, а често и подеднакво рафиниран како и кристалниот шеќер. Меѓутоа меласата му дава уникатен вкус и својство за готвење. Меласата е густ сок кој е остаток по кристализацијата во постапката на производство на шеќер од шеќерна репа или шеќерна трска.

Што содржи?

Поради додатокот на меласа, кафеавиот шеќер содржи повеќе влага од белиот шеќер. Присутноста на влагата му дава единствена текстура, но ни влагата не помага во намамлувањето на бројот на калории. Една лажица кафеав шеќер содржи 60 калории и 15 грама јаглехидрати, всушност исто колку и белиот шеќер.

Вообичаени замки

Како при внесувањето на какви и да се јаглехидрати во организмот, потребно е да се внимава и во конзумирањето на кафеавиот шеќер, особено ако се додава во други намирници.

Хранливи материи

Научните резултати не ја поддржуваат идејата дека кафеавиот шеќер е значитално похранлив од белиот. Иако меласата содржи некои минерали, количината на меласа која се додава во кафеавиот шеќер не е толку голема за да направи значителна разлика. Најдобро е да внимавате во конзумирањето на било каков шеќер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag