Диетата со хељда е многу популарна диета бидејќи гарантира успешно ослободување од вишокот килограми без гладување и исцрпување на организмот.
Оние што ја пробале диетата со хељда велат дека е 100% ефикасна. Таа има помалку калории од другите житарки, а содржи многу протеини, аминокиселини, железо, магнезиум, калиум, фосфор, јод, витамини Б1, Б6, П. Нутриционистите често препорачуваат луѓето кои страдаат од анемија, хипертензија или болести на црниот дроб да ја вклучат хељдата во својата исхрана.
Диетата со хељда се држи 14 дена, во текот на кои можете да изгубите од 7-12 килограми и воедно да го исчистите својот организам и да ги одморите органите за варење.
Хељда можете да набавите од која било продавница за здрава храна. Зрната хељда треба да се прелијат со врела вода, потоа да се процеди водата па повторно да се прелијат со врела вода, да се поклопи садот и да се остави да отстои во текот на ноќта. Не треба да се вари, само се прелива со врела вода. На една чаша хељда во зрна се става 1,5 чаша вода.
Во текот на диетата можете да јадете хељда колку сакате, нема ограничувања, но треба да се јаде без зачини, сосови и сол, единствено можете да додадете соја сос. Во текот на денот исто така треба да се испие 1 литар кефир или јогурт со масленост од 1%. Треба да испиете најмалку 1,5 литар вода дневно. Можете да пиете и зелен чај, а доколку пиете кафе, ограничете се на две шолји дневно и тоа без шеќер. Пожелно е последниот оброк да ви биде 4 часа пред да си легнете. Се препорачува и дополнително да земате витамини, како и кај сите диети. Во текот на денот исто така можете да јадете и овошје и зеленчук – јаболка, зелка салата, суви сливи, лажичка мед и т.н. Диетата со хељда не е гладување, треба да јадете нормално и да се чувствувате сити. Секако, не треба да се прејадувате.