Научниците нагласуваат дека големо влијание на појавата на болки во грбот, нозете и зглобовите има неправилното држење на телото.
Покрај подобрување на држењето, што е промена број еден која мора да ја направите, ви претставуваме рецепт за ефикасен домашен лек кој ги обновува коските, зглобовите и тетивите.
Доколку патите од постојани болки во грбот, зглобовите, нозете и вратот, тогаш овој третман кој трае 7 дена, е идеален за вас!
Постапка
Потребни ќе ви бидат 150 грама желатин за јадење – истиот можете да го пронајдете во било која продавница. Во вечерните часови помешајте две полни лажици желатин со 50 милилитри ладна вода и оставете да преноќи на собна температура. Желатинот ќе се претвори во желе.
Наутро помешајте ја смесата со нешто што најмногу ви одговара (сок, млеко, јогурт, овошен шејк или чај) и испијте ја. Повторете ја постапката 7 последователни дена.
Ефекти
Желатинот помага за смирување на болките во грбот, зглобовите, нозете и вратот, па после овој третман кој трае 7 дена, состојбата значително ќе ви се подобри.
Доколку ви одговара, продолжете го третманот месец дена и после половина година повторете го пак. На овој начин ќе го вратите природното „подмачкување“ на зглобовите.
Зошто е желатинот толку добар за зглобовите?
Желатинот е производ со природно потекло. Се добива со процес на преработка на коски, ткива и рскавици од крупни животни. Пролинот и хидроксипролинот се моќни аминокиселини, кои се наоѓаат во желатинот, а кои го стимулираат растот и ја подобруваат структурата на сврзното ткиво, што е неопходно во лекувањето на слабите зглобови и коски.
Желатинот е висококвалитетен лек и пружа широк спектар на следните здравствени предности:
- Ги зајакнува зглобовите и срцето
- Го забрзува метаболизмот
- Ги подобрува менталните способности
- Го подобрува тенот
- Пружа еластичност, ги зајакнува тетивите и лигаментите
- Спречува развој на остеопороза и остеоартритис
- Ја подобрува кожата и структурата на косата
- Моќен ефект во лекување на дисплазија
Овој третман ќе ги елиминира болката и вкочанетоста во рок од 7 дена, а за еден месец ќе се чувствувате многу подобро бидејќи болката во потполност ќе исчезне.