Доколку сакате да го припремите вашето тело за потоплите денови кои следуваат ви претставуваме една интересна крема протиц целулит која може да ја доведе вашата убавина до совршенство.
СОСТОЈКИ:
– 1/4 шолја крупно мелено кафе
– 3 лажички топла вода
– 2 лажички маслиново или бадемово масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте го кафето со топлата вода. Оставете да отстои околу 10-тина минути, односно додека кафето не ја упие водата и не се претвори во густа паста. Додајте 2 лажици маслиново или бадемово масло и добро промешајте.
По секое туширање додека сеуште сте во бањата нанесете ја мешавината на кожата. Со кружни движења со дланките или со крпа за туширање масирајте ги бедрата околу 5 минути. Потоа кожата исплакнете ја со млака вода и по потреба нанесете масло, млеко за тело или лосион.
Постапката повторувајте ја 2 пати неделно.