Два модели на фустани за есен што ќе ги видиме наскоро на улиците

popara24 септември, 20181min00
moda

Овие фустани ги освоиле светските трендсетерки и бидете сигурни дека наскоро и вие ќе бидете воодушевени.

Иако ни е тешко да се поздравиме со лелеавите фустани и летни мотиви, исто така, одвај чекаме да ги испробаме сите есенски трендови.

Во морето од трендови со кои секојдневно не бомбардираат различните брендови, истакнати се два модели на фустани за кои веќе предупредивме дека ќе ги видиме буквално насекаде!

Инфлуенсерите и блогерите на Инстаграм веќе ги пронајдоа и ни беше јасно дека ни ги најавија хит дезените и фустаните за есен.

Погледнете во продолжение кои два модела ќе ги одбележат улиците во следните месеци:

Животински отпечаток

Ако до сега никогаш не сте го обожавале животинскиот отпечаток, ветуваме дека ќе го обожавате оваа сезона. Во мода се баш сите примероци, од леопард до зебра, а фустан во еден од нив ќе ви обезбеди најмногу лајкови.

Кариран

Како што се машните омилени во текот на летото, така есента е полна со квадратчиња, или кариран дезен. Заменете ги кошулите со карирани фустанчиња и задолжително изберете некои чизми што одат преку колената.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag