Пејачот и актер сега има нова потточка во својата биографија – писател!
Џастин Тимберлејк објави дека неговата прва книга ќе биде наскоро објавена. “Ова е проект на кој што сум работел подолго време, и конечно излегува на 30-ти октомври. Пресреќен сум што ова можам да го споделам со вас”, рече Џастин.”Hindshight&All the things I can’t see in front of me” е “збирка на анегдоти, мисли и забелешки на темата на животот”, вели издавачот Харпер Колинс.
“Читателите, исто така, ќе видат стотици лични фотографии од приватната архива, исто така, ќе имаат увид во детството на Џастин, креативниот процес … Ќе ја отвори својата душа и на темата живот, татковство, семејство, лични борби и потрага по внатрешен мир и моќ”, објави издавачот.
Џастин ја напишал книгата со помош на авторот Сандра Барк, која соработувала со Камерон Дијаз во пишувањето на ДВЕТЕ нејзини книги.