Книгата на Џастин Тимберлејк, ‘Hindsight & All the Things I Can’t See in Front of Me’, открива многу детали од приватниот живот на пејачот и актер, а јавноста особено се интересира за деловите кои се поврзани со неговиот брачен живот со еднакво познатата актерка Џесика Биел.
Џастин Тимберлејк (37) со светот сподели како еден повик од неговата сопруга Џесика Биел (36), со која стоеше пред олтарот во 2012 година, му го промени животот. “Бев на светска турнеја на The 20/20 Experience. Тој ден бев во Детроит, а мојата сопруга во Лос Анџелес која се подготвуваше да ме посети за некој ден. Само што завршив со настапот и седејќи во автомобилот, го земав мобилниот телефон од торбата. На екранот со големи букви пишуваше “ИТНО ЈАВИ МИ СЕ” .
Во истата секунда и се јавив на FaceTime. Таа ми се јави со “оној” израз на нејзиното лице и веќе знаев што ќе ми каже. Наместо тоа, таа само го подигна тестот за бременост. Двајцата почнавме да врескаме. Порано завршив со турнејата за да се грижам за моето семејство. Мојот последен настап беше во Лас Вегас на 2 јануари, 2015 година. Три месеци подоцна, станав татко “, го опиша моментот што му го промени живот.
“Не можам да поверувам колку тој повик ми го промени живот. И посебно во моментот кога станав татко. Сè има подлабоко значење. Од тогаш поинаку гледам на врските. Тогаш за прв пат размислував за моите родители како луѓе кои влијаеале на тоа кој сум и што сум денес и како тоа може да влијае врз моето дете. Размислував како мојот син ќе ме гледа еден ден. Станав погрижлив “, напиша Тимберлејк, гордиот татко на тригодишниот Силс Рандал.