Џени Рунк – девојка со облик на кој му се восхитуваме!

popara20 јули, 20181min00
r

Ако сеуште не сте знаеле, 24-годишната Џени Рунк е првиот модел за плус големина што ќе се појави оваа година во H & M каталогот за костими за пливање (до сега праксата на H & M беше таа да моделите за стандардни големини и  моделите за плус големини имаат одделни каталози). Причината поради која оваа девојка привлече кон себе уште повеќе внимание е одлуката што ја донесе. Дознавајќи дека по своите мерки се наоѓа на границата помеѓу моделите за стандардни големини и модели за плус големини, Џени реши да накачи некој килограм и да стане модел за полни.Воодушевени од оваа прекрасна млада жена, дознавме нешто повеќе за неа.

Какво беше твоето детство?Јас пораснав во прекрасно семејство каде што сите бевме многу блиски. Омилените спомени од детството ми се поврзани со спасување и нега на кучиња. Речиси целото детство, во секое време, имавме неколку кучиња за кои бевме загрижени. Еднаш вдомивме две сестри кучиња кои некој ги оставил во задниот двор, без храна и вода. Кога ги најдовме, тие беа многу истрауматизирани. Се плашеа од сè и сешто. Промената што се одвиваше во нивното однесување беше една од најважните животни лекции за мене. Научив дека со многу љубов, внимание и трпеливост, апсолутно се е возможно. 

Кога и како сте влегле во светот на моделирањето?

Кога имав 13 години, јас волонтирав во едно прифатилиште за мачки во Честерфилд во Мисури.Ме примети Мери Кларк, тамошен ловец на таленти. Кога мајка ми за прв пат ме праша дали сакам да бидам модел, одлучно кажав не. ” Јас сум многу повеќе од лице и тело! Зашто би сакал да бидам модел? ” Бидејќи во тоа време јас бев повеќе зафатена со глума во училишниот театар, јас се согласив да се обидам како модел откако мајка ми ми објасни дека тоа би можело да ме доведе до некои нови можности.

Кажете ни нешто во врска со вашата одлука дека ви е подобро да добиете, отколку да изгубите неколку килограми. Дали ја донесовте одлуката под некаков притисок?Кога на почетокот на кариерата почнав да запознавам други нови модели, јас бев големина осмица што тежнееше кон десетка, а другите девојки беа нула или двојка. Тогаш бев навистина засрамена. Немав ниту 14 години, се чувствував многу голема за моите години и бев сосема различна од другите модели, па навистина не беше лесно. Како и да е, никогаш не помислив на губење на тежината и да станам како нив. Сметав дека едноставно немав таква градба. Некои луѓе се природно исклучително високи и слаби, а јас едноставно не сум една од нив. Во последните десет години, варирав помеѓу големина 10 и 14 и во секоја од нив се чувствував здраво и среќно. Не мислам дека сум помалку привлечна во некоја големина отколку во друга. Сè уште сум тоа јас, и бројот на етикетата на фармерките не е важен за мене.

 Минатата година Израел го воведе минималниот индекс на телесна маса кој моделите треба да го имаат за да се намали бројот на заболени од анорексија во модната индустрија. Дали таквиот начин на постапување позитивно влијаеше на модната индустрија во Америка?

Мислам дека би било корисно да се намали бројот на лица со нарушувања во исхраната во модната индустрија воопшто. Не сакам младите момци и девојки да тежнеат да бидат како некој кој се бори да остане здрав.

 Како изгледаше снимањето за H & M?

Бев многу среќни што снимавме костими за капење.Тоа ми е една од најважните работи за снимање. Да бидам искрена, се плашам од океанот и се чувствував многу моќно кога успеав да заборавам на стравот и да влезам во водата. Ова успешно завршено снимање го сметам за свој голем успех, бидејќи морав да се борам со морските струи, сонцето што ми удираше во очите и од стравот од океанот. Неможев да помислам  дека ова снимање ќе предизвика толку многу интерес. Ми се чини дека на сликите мојата храброст дојде до израз и тоа многу ми се допаѓа. Тоа не е само храброст за стоење во океанот, туку и за носење бикини без разлика која големина сте. Таква храброст и посакувам на секоја жена. Искрено, последно нешто што ми падна на памет беше како изгледам. Бев премногу фокусирана на отпорот на брановите.

 Дали реакциите на вашата одлука се позитивни?Ние сметаме дека таа, секако, е инспиративна за младите пополни девојки.

Сите пораки што ги добив беа позитивни и полни со благодарност. Се чинеше дека луѓето чекаат да се појави некој кој ќе каже: “Таква сум каква сум и со тоа сум совршено среќна!” Иако не сум била секогаш полна со самодоверба, учев од своите искуства. Научив дека секогаш ќе има луѓе кои ќе сакаат да ве саботираат, ако правиш нешто правилно, без оглед на тоа што го правиш. Прво е тешко да се игнорира ваквата негативност, но вежбањето доведува до перфекција. Никогаш никој не смеете да дозволите да ви каже дека не сте доволно добри. Секогаш имате избор за да ги задоволите очекувањата на другите или да се обидете да ги исполни своите сопствени очекувања. Вие сте многу повеќе од она што вашите злобници сакаат да си помислите дека сте. Единствено сте човек кој знае за што е способен, затоа излезете во светот и направете нешто со што ќе се гордеете.

 Кои совети имате за млади девојки кои сакаат да станат модели?                        Самопочитта е најважна од се. Без неа, нема да стигнете далеку. Запознајте се себеси што е можно подобро, сакајте се какви што сте, а потоа пронајдете го саканиот пазар. Не дозволувајте позирањето да биде единствено нешто што знаете да го работите и на што мислите. Секој на сетот сака да има сестран, интелегентен човек. Читајте книги, научете да сликате, пишувајте, создавајте музика или бавете се со науката или математиката. Станете експерт за било што, само не дозволувајте да бидете “само модел”. Запомнете дека сте многу повеќе од лице и тело и дека зад нив се крие комплетна личност што сака да биде видена. Немојте да ја спречувате во тоа!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag