Ова е многу лесен и ефикасен рецепт за чистење на лицето од шминката.
Па тогаш зошто да трошите пари во парфимериите, кога за многу кратко време можете самите да си го направите во секое време. Се што ви треба е бебешки шампон и маслиново масло.
Земете едно мало чисто шишенце или пак мала тегла. Во него ставете ½ супена лажица бебешки шампон, 1 кафена лажичка маслиново масло и додадете онолку вода колку што е потребно за да се наполни садот. Пред секоја употреба добро протресете го шишенцето за да се измешаат состојките.