Емина Јаховиќ боледува од анорексија, тврдат нејзините фанови на социјалните мрежи. Поп sвездата објави фотографија на Инстаграм на која е коски и кожа, па многумина се загрижија за нејзиното здравје.
– По разводот од турската музичка sвезда Мустафа Сандал, Емина падна во депресија, па затоа слабо јаде. Тешко го поднесе разводот, под голем стрес е и многу ослабе. Иако блиските луѓе ја советувале дека мора да се грижи за исхраната, таа не ги послушала – открива добро информиран извор.
Тој додава дека нејзиното семејство и обожавателите биле многу загрижени за фотографијата направена за време на прошетка на Емина во Истанбул. Пејачката ги покажа своите слаби раце и стомакот, а нејзините ребра јасно се отцртуваат на фотографијата.
– Веднаш доби бројни коментари дека страда од анорексија. Поединци ја споредиле со Анџелина Џоли, која страдала од анорексија по разводот со Бред Пит.