Енди Муреј го најави своето враќање на терените

popara9 јануари, 20181min00
andy-murray-t

Еден од најдобрите светски тенисери, Енди Муреј (30 г.), во понеделникот, во Мелбурн, бил опериран и со го најавил неговото враќање на терените во тек на летото.

„Уште не сум завршил со играње тенис. Верувам дека ќе играм пак тенис на највисоко ниво“, изјавил тенисерот, чиј последен службен настап имал во 2017 година, на Вимболдон, каде се повлекол заради проблеми со колкот.

Тој се надевал дека ќе настапува на US Open, но своето учество го откажал два дена пред почетокот.

„Разговарав со моите доктори и сум оптимист. Доколку се вратам на 95% од својот потенцијал, тоа ќе биде доволно да можам да се натпреварувам со најдобрите“, додал тој.

Шкотскиот тенисер рекол дека може да се врати на почетокот на пролет, но нема да се брза.

„Многу размислував за бројот на турнирите кои ќе ги одиграм. Ќе пробам да се концентрирам на големите турнири, без да се оптоварувам“, изјавил Муреј.

Со истата тактика, лани, Роџер Федерер го продолжи својот играчки век и ги воодушеви своите фанови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag