
Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ по венчавката решија да се повлечат од јавноста на одредено време.
Иако со летната турнеа започна пред четири дена, убавата пејачка реши да одвои време и за својот сопруг.
После венчавката која предизвика големо внимание, младиот брачен пар се повлече од јавноста.
Бидејќи подготовките за свадбата им одземаа многу енергија, Александра и Филип решија првите брачни денови да ги одвојат само за себе, па така се упатија на незаборавен меден месец.
Познатата пејачка на социјалните мрежи откри дека во моментот престојува во Монте Карло.