Еве што ни “прави“ загадениот воздух

popara29 август, 20181min00
в

Знаеме дека загадениот воздух во никој случај не е добар за здравјето, а еве какво уште влијание има врз нас.

Хроничната изложеност на загадување на воздухот може да ги оштети когнитивните функции, велат резултатите од најновите истражувања. Научниците веруваат дека негативното влијание се зголемува со возраста, а најлошо влијае врз мажите со пониско образование.

За четири години, американските и кинеските научници ги следеа математичките вештини и вербалните вештини кај околу 20.000 луѓе во Кина. Научниците веруваат дека овие резултати имаат глобално значење, бидејќи повеќе од 80 проценти од урбаното население во светот вдишуваат загадување на воздухот.

Според Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот е опишано како невидлив убиец, убива седум милиони луѓе ширум светот годишно.

“Откривме дека ефектите од загадувањето на воздухот на вербални способности се зголемува, како што стареат, а особено ова се однесува на мажите со пониско ниво на образование”, вели студијата објавена во Службениот весник на Американската академија на науките.

Загадувањето го зголемува ризикот од дегенеративни болести како Алцхајмеровата болест, но исто така и други форми на деменција.

Изложеността на висок степен на загадување на воздухот “може да предизвика намалување на нивото на образование за една година кај секој човек, што е огромен процент”, вели еден од авторите на истражувањето Си Чен од Универзитетот Јеил, пишува весникот “Гардијан”.

Претходните студии укажаа на негативното влијание на загадувањето на воздухот врз способностите за учење. Според Светската здравствена организација, 91 процент од населението живее на места каде квалитетот на воздухот не е задоволителен. Исто така, 14 градови во Индија се меѓу 20-те загадени градови во светот, а на врвот на листата е градот Канпур.

Една од причините зошто научниците веруваат дека постарите мажи со пониско ниво на образование се најлошо погодени од загадувањето е дека оваа категорија на население најчесто работи физичка работа на отворено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag