И покрај тоа што победи Израелката, следниот натпревар ќе биде оддржан во друга земја ?!
Изборот за најубавата песна на Европа 2019 година може да се одржи надвор од земјата на која и припаѓа титулата домаќин, со освојување на овогодинешниот натпревар.
И покрај тоа што Израелката Нета Барзилаи победи, властите на Израел не му го одобриле износот за пренос на националниот радиодифузер што домаќинот мора да го плати на Европската унија како гаранција. Станува збор за 12 милиони евра само за гаранцијата, додека вкупната организација чини околу 24 милиони евра, пренесува “Vienna.at”.
Бидејќи Министерството за финансии одби да го риздвои тој износ за овие цели, се доведува во прашање одржувањето на Евросонг во земјата која победи.
Крајниот рок за плаќање беше во понеделникот, а ниту ЕБУ, ниту израелскиот КАН сеуште не се огласиле по повод организацијата за натпреварот за следната година.