Вкусните топли напитоци може да ги згрејат ладните коски во зима и да ви помогнат да се ослободите од лошите настинки. Ѓубитор е додаток во исхраната кој го зајанува имунитетот и го забрзува заздравувањето од настинки.
Еве само неколку причини зошто да користите ѓумбир:
- Го зајакнува имунитетот и вашето тело
- Го забрзува зазравувањето
- Ја смирува мачнината и нервозата во желудникот
- Благо делува на нервниот систем
- Ја поттикнува работата на цревата и ја намалува надуеноста
- Ја поттикнува циркулацијата
- Ќе ве згрее подобро од дебела јакна
Предлог напиток – состојки:
- Парче свеж ѓумбир
- 1 литар вода
- Неколку лажички домашен мед
- 1 лимон
Излупете го и сецкајте го ѓумбирот на тенки кришки. Ставете го во тенџере и прелијте го со вода, варете го 15 до 20 минути на умерена температура. Тргнете го од оган и осравете го да се залади 5 минуити. Извадете го ѓумбирот, а во течноста додајте го медот и лимонот. Пијте по желба.