Насмеана и видно расположена, актерката го прослави својот 52-годишен роденден и уште еднаш докажа дека годините се само бројка…
Харизматичната Селма Хајек, заедно со својот сопруг во неделата, беше сликана во Венеција, и во таа пригода демонстрираше совршена комбинација идеална за љубителите на опуштениот стил.
Иако можеби мислевме дека славењето ќе го помине во коктел фустан, ѕвездата на филмовите Frida и Beatriz at Dinner се одлучи за црната маичка + сако и фармерки boyfriend модел .
Едноставниот изглед го надгради со многу ефективните детали – чизми на вртоглаво високи потпетици, ташна и доминантни ланци со привезоци во облик на школка, крст …
Со ретро авијатичарски наочари, црнката која ја пуштила бујната коса, ставила точка на прекрасниот роденденски стајлинг, што е голема инспирација за есенскиот уличен стил!