Постојат многу суштества кои живеат во вода и со кои веројатно никогаш не би сакале да се сретнете, а едно од нив е секако ајкулата. Сепак, иако сите ги сметаме за немилосрдни предатори, една ајкула ни покажа дека и тие знаат да се мазат како кучиња.
Ајкулите всушност не се родени со апетит за човечко месо, а професионалниот дресер на ајкули Кристина Зенато ни покажа дека и овие морски суштества умеат да бидат нежни.