Дамите на улиците на водечките модни метрополи се шетаат во нив веќе на големо, и така, изгледаат одлично!
Филмот “Убава жена“ со Јулија Робертс во главната улога беше хит во текот на деведесетите и сите сме го гледале во текот на наредните години по неколку пати!
Се сеќавате ли на костимот што го носеше Вивиен Ворд и во него го заведе Едвард Луис , односно Ричард Гир?
Сигурни сме дека оваа сцена ви остана врежана во меморијата. Во прашање е моментот кога Јулија на себе има високи чизми од скај, мини и блонд перика.
Иако нејзиниот стил во текот на филмот еволуирал, овие чевли ќе бидат засекогаш врзани за токму сега веќе легендарниот филм, а модните гиганти сигурно никогаш нема да ги заборават. Тоа го потврдува и најновиот тренд кој владее со улиците на Париз.
Имено, денес младите девојки кои внимателно ја следат модата повторно го носат токму овој модел на чизми или оној многу сличен на него.
Значи, прашање е на моментот кога ќе ги видиме во текот на престојната сезона и по градовите во Македонија, но дали се осмелувате да ги носите?
Сепак станува збор за уште еден многу автентичен аксесоар и многу баран.