Хајди Клум едноставно не прави грешки кога станува збор за модни комбинации за црвениот тепих. Супермоделот и водителка не се плаши да ризикува со гламурозните модни избори, а со нејзината најнова комбинација не воодушеви сите нас.
За amFAR галата, Хајди одбра елегантен фустан на американскиот дизајнер Зака Посен со прекрасна црвена боја и драматични puff – ракави, а фустанот беше надополнет со тиркизни обетки од Lorraine Schwartz и лежерно брановидна коса.