Халштат е мал град со неверојатни погледи помеѓу Салцбург и Грац, во округот на езерото Салцкамергут во Австрија .Сметано за едно од најстарите населени места во Европа, Халштат е место на наследство на УНЕСКО и важна австриска туристичка атракција.
Населбата го носи името на културата Халштат, доминантна централно-европска култура во раното железно време. Во малото гратче се пронајдени стари гробишта, за кои се вели дека датираат од тоа време. Исто така познат како “Бисер на Австрија”, Hallstatt е навистина спектакуларен, поради својот “чувар на езерото Hallstättersee” и прекрасните планини околу него.
Половина час е повеќе од доволно време за прошетка низ овој град од едната до другата страна. Всушност можеби и “мора” да биде прошетка, бидејќи на автомобилите им е забрането да се движат тука од мај до октомври, од 10 до 17 часот.
Hallstatt е исто така познат по Првиот светски рудник за сол и прекрасните солени пештери кои можат да ги посетат туристите. Замрзнатите пештери се исто така фасцинантни. Кога ќе стигнете до Hallstatt, не заборавајте да го посетите Музејот за културно наследство и Beinhaus (“Куќа на коски”), со цел да се запознаете со историјата на местото.
Има многу работи што треба да ги направите во Халштат,а ние ќе наброиме само неколку: пловење, пешачење, сурфање, посета на рудниците за сол и замрзнатите пештери. Во текот на летото, FKK нудисичката плажа е многу популарна.
Доаѓањето е можно со воз. Од главната линија меѓу Салцбург и Виена, симнете се кај Attnang-Puchheim. Земете воз од тука до Bad Ischl and Obertraun. Станицата Халштат е на југ од Bad Ischl и на една станица северно од Obertraun, на источниот брег на Hallstättersee (Hallstatt Езеро) и има бродско пристаниште до пругите. Редовната услуга на фериботот ќе го пресретне секој пристигнат воз и ќе ве однесе до градот низ езерото.
Еден од најдобрите погледи на Hallstatt е од овој ферибот при возењето низ езерото, особено во утринските часови кога сонцето сјае над градот.
https://www.facebook.com/BestDestinationsToTravel/videos/326082284864850/