Оскаровката истакнува дека овој човек и го “променил животот”.
Актерката Хали Бери отсекогаш имала завидлива фигура, но во текот на изминатите години решила да поработи на себе многу повеќе и така го запознала светот со Питер Ли Томас, чии секси фотографии и видеоснимки го преплавија нејзиниот Instagram.
Всушност, Питер е нејзин личен тренер, не само за фитнес, туку и за боречки вештини. Покрај Хали, овој фраер е задолжен и за физичките преобразби на бројни други холивудски лица како Деми Ловато и Шон “Диди” Комбс, а честопати го ангажираат за филмови каде што вежба кореографии со актерите за сцените со боречки вештини.
Поради тоа не не чуди што изгледа како извајан од камен, а Бери не штеди пофални зборови кога тој е во прашање.
“Покрај тоа што е прекрасно човечко суштество, тој е и тренер, борач, колега актер и нутриционист! Со помош на него, научив многу за фитнес и исхрана, и сакам сето тоа да го споделам со вас. Ме научи да боксувам, да се одбранам и многу други работи. Не само што сум во најдобра форма до сега, туку сега сум способна да се одбранам себеси и најважно од се – моите деца! Нема ништо поважно за жената и се чувствувам моќно “, напишала актерката и додала дека овој “фитнес гуру” и го променил животот.
Питер е, меѓу другото, инструктор за тајландски бокс,а во 2006 година беше победник на националниот натпревар во кик-бокс.
Но, да не должиме многу, најдобро е сега малку да уживате во гледката: