Полезните својства на тиквата се како резултат на големото количество антиоксиданси што во неа ги има и кои учествуваат во спречување на многу болести, а во однос на кожата ја одржуваат млада и здрава. Освен антиоксидансите во тиквата има и многу други полезни материи како што се витамини, минерали, растителни влакна и др.
Како се приготвува маска и што ви потребно:
1 чаша пире од варена тиква,
1 јајце,
2 мали лажички бадемово млеко или масло,
1 лажичка мед,
1 супена лажица цитрусов сок или јаболков оцет ако сте со мрсна кожа.
Маската се нанесува на лицето, вратот и деколтето и се остава да делува 30 минути.