Најновото британско истражување покажало дека повеќето парови водат љубов во сабота околу 8 часот навечер, поточно во 19 часот и 37 минути.
Според резултатите на анкетата, која ја спроведе сајтот Lovehoney, 44 отсто од испитаниците го одбрале токму ова време за практикување на секс.
На второ место на идеални денови за љубовна гимнастика е недела, а на трето е петок.
Викендот очигледно е најповолен за секс и тоа не е случајно. Преоптоварени со секојдневните обврски и со работа, луѓето планираат секс кога тоа најмногу им одговара.
Растојанието помеѓу моментот на најголемото возбудување и акцијата, исто така е индикативен: во сабота, на пример, повеќето парови стануваат „непослушни“ околу 16 часот и 33 минути, но „борењето“ обично настапува дури три часа подоцна.
Истражувањето открива дека многу мал број луѓе реагираат спонтано на секс. Повеќето од нив го планираат.
„Планирањето на сексуалните односи може да делува како најромантична работа на светот, но редовната физичка интимност претставува клуч за среќна врска“, објаснува Ричард Лонгхерст, коосновач на сајтот Lovehoney.com.
„Ако планирањето е единствениот начин да најдете време за секс, зошто да не?“, заклучува тој.
Со анкетата, исто така, утврдено е дека секс најмногу се практикува за време на летните денови. Другото „најтопло“ време е зимата. На трето место е пролетта, а на четврто есента.