Борис Бекер и неговата сопруга Лили се разведуваат после девет години брачен живот соопштил адвокатот на славниот тенисер.
Борис Бекер и Лили беа во врска од 2005, а во 2009 година се венчаа и го добија синот Амадеус. Иако бракот делуваше хармоничен, изгледа дека на идилата и хармонијата крај им ставила последната година после банкротот на тениската легенда.
Лили за медиумите проговори за крахот во брачниот живот.
– Тоа беше тешка година, целосно се запуштив, почнав премногу да пијам, да пушам, излегував и не ми беше гајле. Мислев дека животот ми е пекол и дека ќе умрам. Пиев водка, пушев по една кутија цигари дневно, а Борис минуваше низ пекол и не ме ни забележуваше. Едноставно се разделивме и тргнавме секој по својот пат – вели Лили.
Како што пренесуваат медиумите, Лили после венчавката на својот прст истетовирала „Mrs. B“, па после разводот ја покри тетоважата со голем прстен. За Борис ова е втор развод, после оној од првата сопруга Барбара, кој го чинеше повеќе од 13 милиони евра.