Оваа маска ќе стане алтернатива на многу козметички третмани во салоните за убавина. Покрај тоа што е економична, нејзиниот ефект е еквивалентен на прочуениот ботокс. Маската е сосема природна, а всушност, ја затегнува кожата подобро од ботокс.
Состојки: 1 белка од јајце, половина кафена лажичка сок од лимон и половина лажица кокосово масло.
Подготовка: Земете јајце со средна големина и одвојте ја белката од жолчката. Ставете ја белката во мал сад и изматете ја да се создаде густа пена. Потоа додадете го сокот од лимон и кокосовото масло и повторно измешајте.
Нанесете ја маската на исчистено лице и оставете ја да делува 10-15 минути. Кога маската ќе се исуши, измијте ја со топла вода или чај од камилица. За да постигнете оптимален резултат, доволно е да ја применувате 2 пати неделно.