Наместо со скапи креми, сега имате шанса да ги испеглате брчките со ориз. Пробајте ја оваа јапонска маска за лице и овозможете си нега која ќе ви ги намали годините.
Веќе со векови Јапонките го користат оризот за нега на лицето и оваа евтина житарка се смета за нивно тајно оружје за убавина.
Богат е со витамин Б кој го стимулира развојот и регенерацијата на клетките, а со тоа го забавува стареењето и ја подобрува циркулацијата.
За овој рецепт потребен ви е само ориз, малку мед и млеко.
Сварете 2-3 лажици ориз во малку вода, додека не омекне. Задолжително сочувајте ја водата во која оризот се варел.
Сварените зрна добро измијте ги и додајте им лажица млеко, па промешајте ги и со лажица мед. Добро изгмечете ја смесата.
Сите состојки нанесете ги на лицето и чувајте ги половина час. Потоа измијте ја маската со водата во која го варевте оризот.
За неколку дена ќе забележите како вашата кожа е двојно понежна и поблескава од претходно.
Маската можете да ја чувате во фрижидер најмногу 4 дена, а можете да ја користите секој ден ако имате време.